Скопје
Митески: Инспекциските служби на терен, сега нема поплаки за бучава во Аеродром
Инспекциските служби постојано се на терен и вршат редовни контроли, изминатите месеци до Општина Аеродром нема поплаки од граѓани во однос на бучава. Вака одговори денеска градоначалникот Дејан Митески, прашан за тоа колку реакции има од граѓани во однос на бучави од кафеани.
– Во периодот пред новогодишните празници имаше навистина многу реакции од граѓани во однос на бучави. Општина Аеродром излезе со ригорозни мерки, затвори два угостителски локали што ја надминуваа бучавата, изрече повеќе од седум глоби за угостителски објекти што ја надминуваат бучавата и во изминатите неколку месеци до Општина Аеродром нема поплаки за бучава, а инспекциските служби постојано се на терен и вршат редовни контроли, одговори Митески на новинарско прашање.
Митески заедно со премиерот Христијан Мицкоски денеска извршија увид во градежни активности во Мичурин во општина Аеродром.
април 7, 2026

