Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот, непотизмот и кронизмот се симболи на СДС

МВР во време на СДС и Оливер Спасовски беше алатка за заштита на криминалот и корупцијата, а Заев и Спасовски шуруваа со белосветски криминалци.

СДС нема кредибилитет да зборува за непотизам, ниту безбедност затоа што 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди.

Улиците низ Скопје во време на СДС, ДУИ и Оливер Спасовски беа како Дивиот Запад, убиства и мафијашки престрелки имаше на сред ден.

Во време на Оливер Спасовски секој ден започнуваше со скандал, Спасовски им даде пасоши на белосветски криминалци, како и на бандити од Шкаљарски и Кавачки клан, имаше кражби и убиства за кои немаше разврска ниту одговорност.

Во време на СДС и Спасовски полицајци се удираа во пајак возилата, во време на Спасовски командири од Прилеп дилаа дрога, исчезнуваше оружје од депо на МВР, се крадеше масло од канабис, немаше одговорност на Спасовски ниту за Беса транс.

Во време на Спасовски бевме први во Европа по бегства од затвори.

За разлика од минатото кога полицајци се удира во пајаци сега МВР реагира одлучно, брзо и професионално за сите кривично правни настани и прекршочни настани.

Професионалната и независна полиција е темел на секое демократско општество. Заложба на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е градење на силни и независни  институции кои работат исклучиво во интерес на граѓаните, со целосна транспарентност и одговорност.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1