Connect with us

Сервисни информации

На Попова Шапка 77 сантиметри снег

Најстудено утрово било на Попова Шапка каде што се измерени – 4 степени Целзиусови и во Kрушево, Mаврови Анови и Лазарополе 0 степени целзиусови. Најтопло, со измерени 7 степени било во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, Гевгелија.

Најмногу врнежи 28 литри на метар квадратен во изминатите 24 часа се забележани во Демир Капија, а најмалку – 3 литри на метар квадратен во Виница и Лазарополе.

Висината на снежната покривка во 8 часот на Попова Шапка изнесувала 77 сантиметри.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2