Connect with us

Хроника

Возач усмртил куче во Неготино кое поминувало улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Возач усмртил куче кое поминувало улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка. Случајот во неготинската полиција го пријавила кавадарчанката, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Вчера во 15:10 часот во ОВР – Неготино, 33-годишната В.М. од Кавадарци пријавила дека, додека се движеле по улица „Маршал Тито“ во Неготино заедно со нејзината малолетна ќерка и нивното куче и се обиделе да ја преминат улицата, патничко возило удрило во кучето и го усмртило, по што заминало од местото, соопштија од СВР – Велес.

Додадоа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1