Скопје
Стефковски: По четири децении, Домот на културата „11 Октомври“ повторно оживува
Во населбата Ченто, општина Гази Баба, денеска ќе биде пуштен во употреба Домот на културата „11 Октомври“ – соопшти градоначалникот Бобан Стефковски.
– Она што со децении беше празнина, денес станува симбол на нов почеток. Ова не е само објект. Ова е дом за идеи, за уметност, за младите, за иднината. Ова е срцето што повторно чука за Ченто и за цела Гази Баба – објави градоначалникот на „Фејсбук“.
Според објавата на градоначалникот, објектот се отвора повторно по 40 години.
– Ветивме и остваривме. Ова е доказ дека кога има волја – има и резултат. Делата зборуваат за нас – дополни тој во својата објава.
април 2, 2026

