Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Пред да се навредат обвинителите како Ленче Ристоска, треба и кривично да одговараат за кражба на народни пари преку СЈО

Пред да се навредат обвинителите на Зоран Заев на чело со Гаврил Бубевски, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова и останатите платеници за политички прогон, што е најавено одземање на предметите на кои работат, а никако да сработат на страна на правдата цели 10 години, нека си го стават прстот на чело и нека си ги постават следните прашања, се вели во соппштението на ВМРО-ДПМНЕ коешто МИА го пренесува интегрално.

1. Дали не треба кривично да одговараат што крадеа народни пари од СЈО без мера за да вршат политички прогон и хајка?

2. Дали заборавија на изјавите и сведочењата на нивната колешка Лејла Кадриу за тоа дека екс премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска оделе во СЈО навечер и лично селектирале предмети кои треба да бидат обработувани согласно нивните политички мотиви?

3. Дали заборавија дека на чело на оваа политички инструирана и скапо платена багра која ја закопа правдата и амнестираше милионски криминали на Заев, стоеше осудената за рекет Катица Јанева?

Ленче Ристоска исто како и сите гореспоменати беа дел од истиот апарат кој ја погребуваше правдата.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1