Connect with us

Фудбал

Селекторот на Романија примен во болница, но состојбата му е стабилна

Селекторот на Романија Мирчеа Луческу е итно пренесен во болница, соопшти Фудбалскиот сојуз на Романија. За време на техничкиот состанок пред последниот тренинг Луческу се чувствувал лошо, а на тренингот состојбата му се влошила. На самото место медицинскиот тим му пружил прва помош.

Луческу потоа е префрлен во болница на дополнителни прегледи.

Во четвртокот Луческу ја предводеше Романија во баражот со Турција во Истанбул, каде неговата репрезентација загуби со 1:0.

Романскиот селектор има 80 години и во 2024 година се врати на клупата на Романија, а како тренер има работено во Интер, Динамо Киев, Галатасарај, Бешикташ, Зенит и Шахтјор Доњецк.

Маркетинг
Ad 4
Ad 4