Хроника
Лишени од слобода две лица под сомнеж дека предизвикале пожар во општина Кавадарци

Лишени од слобода биле две лица под сомнеж дека предизвикале пожар во општина Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Вчера во 19:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, по превземени оперативни мерки и активности ги лишиле од слобода З.К.(33) пд Бегниште, кавадаречко и И.И.(19) од Кавадарци, поради сомнение дека предизвикале пожар на сува трева, трња и ниско стеблеста шума кај месноста викана Блато на Тиквешко Езеро, во атарот на село Куманичево, кавадаречко, појаснија од СВР Велес.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгасен со вклучување на авиони од Дирекција за заштита и спасување, возила на интервентна пожарна бригада при ДЗС и територијална против пожарна единица Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, и се работи на целосно расчистување на случајот.
септември 1, 2025