Connect with us

Скопје

Пролетна акција за озелување „Зелена Општина Илинден“

Општина Илинден континуирано вложува напори за унапредување на животната средина, следејќи ги како националните, така и глобалните трендови и препораки во областа на екологијата. Во пресрет на доаѓањето на пролетта, се организираше акција за озеленување, со вкупно 50 декоративни садници, која има за цел дополнително да придонесе кон создавање почиста, поуредена и позелена околина за сите граѓани.

Оваа активност е дел од проектот „Зелена Општина Илинден“, во рамки на која општината веќе подолг период спроведува акции за пошумување и
раззеленување. Во последниот период, како резултат на овие активности, се засадени над 800 дрвца.

Во садењето на дрвцата учествуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека главната цел на ваквите
активности е преку засадување нови дрвја, зголемување на зелените површини и уредување на јавниот простор да се придонесе за подобар квалитет на воздухот, но и за повисок квалитет на живот во локалната заедница. Дополнително, паралелно со оваа акција, и во наредниот период ќе се
реализираат активности за озеленување и во основните училишта и во детската градинка. Преку вакви практични активности, најмладите директно се вклучуваат во процесот и се поттикнува развивање на еколошка свест, чувство на одговорност и грижа за природата уште од најрана возраст.

Општина Илинден и во иднина ќе продолжи со вакви иницијативи, затоа што грижата за зеленилото и за животната средина е заедничка обврска и инвестиција во иднината.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3