Connect with us

Скопје

Асфалтирани четири нови улици во населеното место Бел Камен во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека продолжуваат со целосна реконструкција на улиците низ општината.

„Нови асфалтирани улици нови задоволни граѓани. Во населеното место Бел Камен асфалтираме нови четири улици. Заедно со Град Скопје поставивме и нова водоводна мрежа во должина од околу 610 метри“, истакна Костовски.

Тој посочи дека со ова овозможиле квалитетно водоснабдување и непречен проток на чиста вода за пиење до домаќинствата.

„Сите овие инфраструктурни зафати кои ги превземаме во сите населени места значат надминување на постоечките проблеми и подобри услови за нашите граѓани“, нагласи градоначалникот.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1