Connect with us

Свет

Линц: Во напад со нож убиен пешак, вториот тешко повреден

Двајца пешаци вчера беа избодени со нож во австрискиот град Линц, при што едниот им подлегна на повредите, а вториот е тешко повреден, соопшти полицијата, пренесена од ДПА.

Локалните власти соопштија дека осомничениот бил набрзо уапсен.

Мотивот засега останува нејасен, а полицијата во текот на денешниот ден планира да објави дополнителни детали за жртвите и осомничениот, пренесува ДПА.

Портпаролката на полицијата во Линц за ДПА изјави дека истрагата ги има опфатено сите можни аспекти.

Локалниот весник „Кронен Цајтунг“ објави непотврдени тврдења дека напаѓачот извикувал навреди кон муслиманите и дека сведок го видел како стои на средина од улицата, привремено блокирајќи го сообраќајот

Маркетинг
Ad 4
Ad 1