Connect with us

Свет

Зардари: Авганистан ја премина црвената линија и ќе сноси тешки последици

Претседателот на Пакистан, Асиф Али Зардари денеска ја предупреди авганистанската талибанска влада дека „ја преминала црвената линија“ со нападите со дронови врз цивилни подрачја и оти Кабул ќе сноси тешки последици.

Пакистанските власти тврдат дека вчера пресретнале авганистански дронови, но оти од шрапнелите повредени се две деца во Квета и уште две лица во другите делови на земјата.

Авганистанската влада вчера го обвини Пакистан за воздушни напади врз Кабул и други места во источниот дел на земјата, при што загинале најмалку шест цивили, а 15 се повредени.

Пакистан тврди дека нападите биле насочени кон пакистанските талибанци, кои бараат засолниште во Авганистан.

Портпаролот на авганистанската влада, Забиулах Муџахид, изјави дека пакистанските авиони ги погодиле и складиштата за гориво на приватната авиокомпанија „Кам Ер“ во близина на аеродромот во Кандахар, која, според него, снабдува цивилни летови и летови на Обединети нации.

Пакистан и Авганистан меѓусебно напаѓаат воени објекти од крајот на февруари. Двете страни тврдат дека предизвикале големи загуби на едната страна.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2