Connect with us

Свет

Во Франција в недела прв круг од локалните избори

Речиси 49 милиони Французи се поканети на гласачките места на 15 и 22 март за да изберат градоначалници и општински советници во речиси 35.000 општини и градови во земјата – објавија локалните медиуми.

Овие локални избори ќе им овозможат на политичките партии, вклучително и на крајнодесничарската Национален собир, да ги проценат својата поддршка и изборниот момент пред претседателските и парламентарните избори закажани за пролетта 2027 година.

Во поголемите градови, почнувајќи од Париз и Марсеј, постои неизвесност во врска со исходот. Во Париз десницата има цел да стави крај на 25-годишната доминација на сè уште отпорната левица, а Националниот собир се надева дека ќе победи во вториот по големина град во Франција.

Во Лион, каде што кампањата беше обележана со смртта на крајнодесничарскиот активист Квентин Деранк, што им се припишува на членови на радикалната левица, сегашниот градоначалник од редовите на зелените, Грегори Дусе, кој е поддржан од социјалистите и комунистите, ќе има голем противник, поранешниот претседател на фудбалскиот клуб „Олимпик де Лион“, Жан-Мишел Олас.

Олас ја предводи коалицијата на републиканците, Ренесанса, Хоризонт и центристичката Модем.

Во Франција традиционално сите избори – локални, парламентарни и претседателски – се одржуваат во два круга.

Маркетинг
Ad 2
Ad 2