Connect with us

Свет

Руски воен суд им изрече доживотен затвор на сторителите на терористичкиот напад во концертната сала во Москва

Рускиот воен суд ги осуди на доживотен затвор четворицата главни сторители на исламистичкиот терористички напад врз московската концертна сала во 2024 година, објавија денеска руските медиуми.

Петнаесет други соучесници, исто така, се осудени на доживотни казни затвор или затворски казни од 19 до 22 години за нивните улоги во нападот, во кој загинаа речиси 150 лица, а повеќе од 300 беа повредени.

На 22 март 2024 година, четворица мажи нападнаа рок концерт во концертната сала Крокус во предградието на Москва, каде што извршија масовна стрелба и потоа го запалија објектот.

Според различни извештаи, во терористичкиот напад загинаа помеѓу 147 и 149 лица.

Одговорноста за нападот ја презеде огранок на милитантната група Исламска држава во Авганистан

Маркетинг
Ad 1
Ad 2