Connect with us

Свет

Процепот на планината во јужна Швајцарија се шири, опасност за блиско село

Процепот што се отвори на една швајцарска планина се шири, соопштија денеска локалните власти, изразувајќи загриженост дека дел од планината би можел да попушти и да го загрози селото под неа.

Пукнатината сега е долга 250 метри и широка помеѓу 80 и 100 сантиметри. Се зголемува до 4 милиметри дневно, пренесе ДПА.

Се наоѓа во регионот Вал д’Анивиер во јужна Швајцарија, недалеку од малиот град Сиер.

Геолозите проценуваат дека до 500.000 кубни метри земја би можеле да се лизнат по планината, блокирајќи ја реката Навизенс и предизвикувајќи поплави.

Реката тече низ Чипис, село со околу 1.500 жители, каде што се подготвуваат мерки за евакуација.

Во мај минатата година, свлечиште уништи големи делови од швајцарското село Блатен. Жителите претходно беа евакуирани. Се проценува дека се урнале девет милиони кубни метри карпи, урнатини и мраз

Маркетинг
Ad 3
Ad 2