Connect with us

Свет

Генерал Кејн: САД од почетокот на војната потопија повеќе од 50 ирански воени бродови

Командантот на Здружениот штаб на САД, генерал Ден Кејн изјави дека американските сили денеска напаѓаат ирански бродови кои поставуваат мини.

Тој, на заедничката прес-конференција со министерот за одбрана Пит Хегсет, истакна дека во првите 10 дена од војната САД потопиле или уништиле повеќе од 50 ирански воени бродови.

Генерал Кејн, на прашањето дали американската морнарица е подготвена да ги следи бродовите со нафта кои треба да поминат низ блокираниот Ормутски Теснец, истакна дека се разгледуваат низа опции за поставување на услови тоа да биде моќно“.

Тој посочи и дека САД постигнале значителен напредок во ограничување на иранските ракетни капацитети.

– Работиме на уништување на иранските ракети, беспилотни летала, поморски сили и индустриски бази, посочи Кејн, истакнувајќи дека фокусот е ставен и на таргетирање на фабриките за беспилотни летала и нивните лансирни рампи.

Тој додаде дека за 90 проценти се намалени иранските нападите со балистички ракети, а за 83 отсто употребата на еднонасочни беспилотни летала.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3