Свет
Кремљ: Путин нуди посредништво во војната со Иран
Владимир Путин понуди можности за посредништво и намалување на тензиите во војната со Иран, објави Кремљ, откако рускиот претседател разговараше телефонски со Доналд Трамп синоќа.
Предлозите во врска со Иран се уште се „на маса“, но ќе останат доверливи, нагласи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на редовниот брифинг за медиумите утрово, објави Скај њуз.
Меѓутоа, додека Русија јавно зазема умерен став за војната против еден од нејзините најблиски сојузници, неодамнешните извештаи сугерираат дека таа тајно му обезбедува на Иран разузнавачки информации што можат да му помогнат на Техеран да ја гаѓа американската војска.
Европските лидери веруваат дека постојат скриени мотиви зад ставот на Кремљ.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес изјави дека Русија засега е „единствениот победник“ во оваа војна.
„Таа добива нови ресурси за финансирање на својата војна против Украина, бидејќи цените на енергијата растат“, рече Кошта во обраќањето пред амбасадорите на ЕУ во Брисел.
март 10, 2026

