Connect with us

Свет

Трамп изјави дека е можно да разговара со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Фокс њуз дека би бил спремен да разговара со Иран, но дека тоа зависи од условите, објави денеска оваа телевизиска мрежа.

Запрашан синоќа во интервју за Фокс за можноста за преговори со Техеран, Трамп изјави дека слушнал оти Техеран е многу заинтересиран за разговори.

Републиканскиот претседател, исто така, го повтори своето незадоволство од новиот врховен лидер на Иран, Моџтаб Хамнеи, велејќи: „Не верувам дека може да живее во мир“.

Трамп ги повтори своите коментари од прес-конференцијата одржана претходно вчера, велејќи дека резултатите од американската воена операција во Иран се „далеку над очекувањата“.

Фокс пренесе дека претседателот додаде дека е изненаден што Иран ги напаѓа земјите од Заливот со ракети и беспилотни летала.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1