Свет
Мерц, Макрон, Стармер и Мелони разговараа за дипломатска координација на кризата на Блискиот Исток
Лидерите на Германија, Франција, Велика Британија и Италија денеска во телефонски разговор се согласија да работат заедно на „дипломатска и воена координација“ како одговор на ескалацијата на војната на Блискиот Исток предизвикана од нападите на САД и Израел врз Иран и одговорот на Техеран, објави британската влада.
Фридрих Мерц, Емануел Макрон, Кир Стармер и Џорџа Мелони се согласија за време на телефонски разговор со четири лица да останат во близок контакт во врска со кризата на Блискиот Исток.
Нападите на САД и Израел врз цели во Иран, вклучувајќи го и Техеран, започнаа на 28 февруари и предизвикаа цивилни жртви, додека Иран возврати со напади врз израелска територија и американски воени цели во регионот.
Во еден од нападите, врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, беше убиен, а земјата прогласи 40-дневна жалост.
март 7, 2026

