Connect with us

Скопје

Меџити: Поставен камен-темелник на базенот во ОУ „7 март“, втор од трите предвидени на територија на Општина Чаир

Општина Чаир почна со градба на вториот од трите предвидени базени на нејзина територија. Во Основното училиште „7 март“ денеска започна изградбата на затворен базен со должина од 25 метри и ширина од 8,8 метри, со променлива длабочина за учење и тренинг – проект во вредност од еден милион евра.  

На поставувањето на камен-темелникот на базенот, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, потсети дека едниот базен во ОУ „Исмаил Ќемали“ треба да биде завршен за две-три недели, додека за третиот базен на територија на Општина Чаир, во рамки на кампусот на Универзитет „Мајка Тереза“, веќе е потпишано одобрението. 

-Оваа инвестиција создава соодветни услови секој ученик да го научи пливањето и да ги развива своите спортски способности во безбедни услови. Се отвора можност за организирање на локални натпревари за унапредување на пливачкиот спорт на повисоко ниво, а предвиден е и развој на синхронизирано пливање, нуркање и создавање нов кадар на тренери и спасувачи во вода – изјави Меџити. 

Објектот ќе располага со соблекувални, одвоено гардероби, тушеви, санитарни простории, простории за тренери и судии, како и простории за спортска опрема. 

Изградбата, како што е најавено, ќе се реализира со челична конструкција и армиран бетон согласно современите стандарди и безбедност и енергетска ефикасност, додека осветлувањето и термо-техничките системи се проектирани со современи решенија за одржливо функционирање. 

Базенот се интегрира во постојниот простор на ОУ „7 март“, при што се задржуваат постоечкиот пристап и паркинг. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1