Connect with us

Вести

МНРиНТ и амбасадите во Доха и Абу Даби апелираат до македонските државјани да ги следат информациите и да ги контактираат за помош

Во врска со актуелната безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати внимателно да ги следат официјалните информации и да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции на земјите домаќини.

МНРиНТ ги потсетува нашите државјани дека во случај на потреба од помош може да се обратат на следните контакти:

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха
Тел: +974 50 173 111
Е-пошта: doha@mfa.gov.mk

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби
Тел: +971 56 441 7532
Е-пошта: abudabi@mfa.gov.mk

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk

Поради влошената безбедносна состојба во Израел, МНРиНТ утрово апелираше до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат во согласност со упатствата на надлежните институции.

– Истовремено, апелираме до сите наши државјани да се воздржат од патувања кон земјите од овој регион сè до стабилизирање на безбедносната состојба.
Согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови до понатамошно известување. Сите комерцијални влезни и излезни летови се суспендирани, без конкретна најава за обновување на редовниот воздушен сообраќај, соопшти денеска Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. 

Покрај телефонот за контакт со МНРиНТ, македонските  државјани во случај на потреба од помош може да се обратат и во Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив на тел. броеви  +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546 или по е-пошта  telaviv@mfa.gov.mk

Маркетинг
Ad 4
Ad 2