Сервисни информации
Во тек е исплата на образовниот додаток за вториот мерен период за учебната година 2025/2026 година
Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за втор мерен период за учебната 2025/2026 година.
Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:
-за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
-за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
-за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
-за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.
февруари 27, 2026

