Сервисни информации
Сончево и стабилно време до почетокот на следната седмица, можна утринска магла во котлините
До крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен в сабота кога ќе има зголемена облачност.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, од петок во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
февруари 26, 2026

