Connect with us

Политика

Кузеска за Груби: Секој што го прекршил законот мора да одговара, неговото бегство беше договор

„Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор. СДСМ ова го најави уште во декември 2024 година. Сега само се потврди пред очите на македонската јавност“ вели на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Кузеска вели „Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. На овој начин ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога кој води до врвот на Владата на Мицкоски. Но и бројните скандали со криминални тендери за кои повеќе од 80 дена нема никакви оддговори. 161 тендер за семејна фирма на Томовски, 51 тендер за „Пирамид Билдинг“, 74 тендери за „Ленди Груп“, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендер преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ“.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2