Вести
Муцунски утре на министерски состанок за Коридорот VIII во Тирана
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Тирана, ќе учествува на министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“.
Муцунски учествува на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Елиса Спиропали,
На состанокот, како што информираат од Министерството, ќе стане збор за актуелните инфраструктурни проекти што во моментов се операционализираат долж Коридор VIII, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите, а за чие надминување е неопходно засилено политичко внимание.
февруари 17, 2026

