Connect with us

Свет

Германија ќе ги продолжи граничните контроли за шест месеци

Германија ќе ги продолжи привремените контроли на своите граници за уште шест месеци по 15 март, како дел од промената во својата миграциска политика, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт.

Тој изјави за „Билд“ дека Германија ги продолжува граничните контроли со соседните земји најмалку до септември, нагласувајќи дека граничните контроли се еден елемент од реорганизацијата на германската миграциска политика. Соодветното известување моментално се испраќа до Европската комисија, објави весникот, повикувајќи се на владини извори.

Контролите во Шенген зоната официјално се дозволени само како исклучок и затоа Европската комисија мора формално да биде известена за овој потег. Целта на германската влада останува да ја заштити внатрешната безбедност и јавниот ред, како и дополнително да ја сузбие нелегалната миграција, објави весникот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4