Connect with us

Свет

Воз излета од шини поради лавина во Швајцарија, се претпоставува дека има повеќе повредени

Воз излета од шини утрово поради лавина во близина на швајцарското село Гопенштајн во кантонот Вале, а полицијата се сомнева дека во несреќата се повредени повеќе лица, пренесуваат швајцарските медиуми.

Во тек е спасувачка акција.

Во моментот кога возот излетал од шините, според веб-страницата на Помона, имало околу 80 патници, пренесува швајцарскиот јавен сервис „Ер-те-ес“.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1