Connect with us

Свет

Осум лица загинаа во експлозија во магацин за огномет во Кина

Експлозија во магацин за огномет во источна Кина одзеде осум животи, а двајца беа повредени, соопштија властите.

Надвор од големите градови каде што употребата на пиротехнички средства е строго регулирана, жителите на земјата редовно користат огномет за време на важни настани и празници како што е Лунарната Нова Година, која ќе се прослави утре.

„Несоодветна употреба“ на огномет од едно или повеќе лица предизвика експлозија во магацин во покраината Џангсу, соопштија властите на социјалните мрежи.

Пожарот предизвикан од експлозијата беше изгаснат околу 16:00 часот по локално време, се вели во истото соопштение, додавајќи дека осум лица загинале, а две други се полесно повредени.

Властите започнаа истрага, а одговорните се приведени.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4