Connect with us

Свет

Калас ги отфрли тврдењата на САД дека Европа се соочува со цивилизациско бришење

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас ја отфрли идејата дека Европа се соочува со „цивилизациско бришење“, што ја изнесе администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Калас го изјави тоа за време на Минхенската безбедносна конференција, еден ден откако американскиот државен секретар Марко Рубио испрати извесна охрабрувачка порака до европските сојузници.

Таа алудираше на критиките во Стратегијата за национална безбедност на САД објавена во декември минатата година, во која се тврди дека економската стагнација во Европа е „засенета од реалната и посериозна перспектива за цивилизациско уништување“.

Се сугерира дека Европа е ослабена од нејзините имиграциски политики, намалувањето на стапките на наталитет, „цензурата на слободата на говорот и потиснувањето на политичката опозиција и губењето на националните идентитети и самодовербата“.

„Спротивно на она што некои го велат… Европа не се соочува со цивилизациско уништување“, рече Калас на конференцијата. Таа дподаде дека „всушност, луѓето се уште сакаат да се приклучат на нашиот клуб, не само нашите сограѓани Европејци“. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1