Скопје
Општина Кисела Вода: Атмосферската канализација во Бирарија во завршна фаза
Атмосферската канализација во Бирарија е во завршна фаза, соопштија денеска од Општина Кисела Вода.
– Интензивно продолжуваат градежните активности на улицата Томе Арсовски во населбата Бирарија, каде што пред помалку од еден месец започна изградбата на атмосферската канализација. До овој момент е изведено околу 75 проценти од вкупната должина на инфраструктурниот зафат. Следна фаза е поставување на сливници, со што ќе се овозможи ефикасно и безбедно одведување на атмосферските води. Овој чекор ќе придонесе за подобрување на условите и секојдневното функционирање на жителите во населбата, пишува во соопштението.
Во пишаната изјава на градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска, се истакнува дека преку вакви системски и одговорни инвестиции, се обезбедуваат трајни инфраструктурни решенија и директно се одговара на реалните потреби на граѓаните.
февруари 14, 2026

