Connect with us

Свет

Шпанските владејачки социјалисти претрпеа нов пораз во Арагон на регионалните избори

Шпанските владејачки социјалисти претрпеа уште еден тежок пораз на регионалните избори во североисточниот дел на земјата, со што се зголеми притисокот врз малцинската влада на премиерот Педро Санчез.

Во автономниот регион Арагон, Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ) падна за повеќе од пет процентни поени на 24,3 отсто, што е нејзин најлош резултат таму досега, според официјалните резултати објавени вчера по пребројувањето на речиси сите гласачки ливчиња.

Шпанските медиуми, вклучувајќи ги „La Vanguardia“ и „El País“, го опишаа исходот како нов удар за Санчез, чија влада повеќе нема парламентарно мнозинство во Мадрид, пренесе ДПА.

Неуспехот следува по катастрофалниот пораз на ПСОЕ на регионалните избори во Екстремадура во декември, каде поддршката за партијата падна за околу 14 процентни поени на 26 отсто.

Владејачката конзервативна Народна партија (ПП) остана најголема партија во Арагон и покрај благите загуби, освојувајќи 34,3 отсто од гласовите. Сепак, резултатот ја остава ПП позависна од порано од десничарската популистичка партија Вокс.

Вокс го зголеми својот удел за околу 6,5 процентни поени на 17,9 отсто, удвојувајќи го бројот на своите места во регионалниот парламент.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3