Connect with us

Сервисни информации

До 2027: Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир.

Како што информираат од ГД „Гранит“ АД Скопје, измената се спроведува согласно издаденото Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Град Скопје со број 15-13418/4, од 2 февруари 2026 година.

Времениот сообраќаен режим ќе биде на сила во период од 9 февруари 2026 година до 2 февруари 2027 година

Маркетинг
Ad 1
Ad 2