Connect with us

Технологија

„Фејсбук“ го прослави 22. роденден

Фејсбук“, една од највлијателните социјални мрежи во историјата на интернетот, вчера одбележа 22 години од своето основање. Социјалната мрежа е основана на 4  февруари 2004 година на Универзитетот „Харвард“ од страна на Марк Закерберг заедно со колегите Едуардо Саверин, Дастин Московиц, Ендру Меколум и Крис Хјуз, кои имаа значајна улога во раната фаза на развојот.

Првичното име на платформата било „Д Фејсбук“ (TheFacebook), а била достапна исклучиво за студентите на „Харвард“, за набргу потоа да се прошири и на други универзитети, а подоцна и кај пошироката јавност. Закерберг со објавата на „Фејсбук“: „22 години поминаа бргу“, се потсети на вчерашниот ден.

Со текот на годините „Фејсбук“ од студентски проект прерасна во светска платформа со милијарди корисници значително менувајќи го начинот на кој луѓето комуницираат, споделуваат информации и примаат содржини. Во 2021 година компанијата го промени името во „Мета платформс“ (Meta Platforms) насочувајќи се кон развој на нови технологии и виртуелни простори, а „Фејсбук“ останува една од нејзините основни, главни услуги.

За настанувањето на „Фејсбук“ во 2010 година е снимен и филм со наслов „Социјалната мрежа“, во режија на Дејвид Финчер. Филмот, снимен според книгата на Бен Мезрич, ги прикажува почетоците на „Фејсбук“, односите меѓу основачите, како и правните и личните конфликти што го следеле неговиот брз подем. Иако не е целосно документарно точен, филмот имаше големо културно влијание и освои неколку престижни филмски награди.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2