Connect with us

Технологија

Новитети околу идните „Ајфони“ на преклоп

За новиот „Ајфон фолд“ (iPhone Fold), се очекува да биде лансиран подоцна оваа година. Но, според гласините, „Епл“ (Apple) наводно веќе истражува опции за покомпактен модел на преклоп.

Имено, според информациите на новинарот на „Блумберг“ (Bloomberg), Марк Гурман, компанијата од Купертино, Калифорнија, САД, веќе истражува опции за „квадратен ‘Ајфон’ што се отвора како школка“ – т.е. – правоаголник што се затвора во помал квадрат. Гурман не даде дополнителни подробности или можен датум за пуштање на идниот „Ајфон флип“ на пазарот, но спомена дека нема гаранција дека тој новитет всушност ќе се појави наскоро на пазарот.

Според познавачот, „Епл“ прво ќе мора да го тестира пазарот со својот „Фолд“ во облик на книга што се затвора како правоаголник и да види како ќе реагираат потрошувачите.

Преклопниот „Ајфон“, неофицијално, е во развој веќе неколку години, а претходните наводи посочуваа дека „Епл“ има најмалку две прототип-верзии. Дури се очекуваше компанијата да ја издаде вторава погоре спомената верзија пред првонајавениот паметен телефон на преклоп

Маркетинг
Ad 3
Ad 4