Connect with us

Технологија

„Епл“ ги надмина очекувањата со рекордна продажба по издавањето на „Ајфон 17“ телефоните

Американската компанија „Епл“ (Apple) соопшти дека продажбата на „Ајфон“ телефони достигна рекордно високо ниво последните три месеци од минатата 2025 година.

Приходите се зголемени за 16 отсто на годишно ниво на 143,8 милијарди долари (околу 120,6 милијарди евра). Тоа е нивниот најголем раст од 2021 година – благодарение на продажбата во Кина, но и во Европа, Америка и во Јапонија.

Резултатите ги надминаа очекувањата на „Волстрит“, главно поради силната продажба на „Ајфон“ 17, што ги ублажи загриженостите на инвеститорите за стратегијата за вештачка интелигенција на „Епл“, објави „Си-ен-ен“ (CNN). Влоговите беа високи, бидејќи за „Епл“ се смета дека заостанува во областа на вештачката интелигенција, што создава дополнителен притисок врз клучните производи да испорачаат врвни резултати.

Овие резултати го опфаќаат првото целосно тримесечје од достапноста на „Ајфон 17“, којшто беше претставен во септември.

Маркетинг
Ad 2
Ad 3