Connect with us

Вести

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност даде зелено светло за набавка на опрема за Армијата од САД

Комисијата за одбрана и безбедност на денешната седница даде зелено светло за набавка на опрема за Армијата обезбедена од владата на САД усвојувајќи четири информации  а потреба од договор меѓу двете влади и амандмани на постојните договори.

Потребата од нова опрема и склучување договори, која вклучува комуникациско-информациски системи – тип 1 радиоуреди, надградба на симулациска платформа во Центарот за симулации, набавка на комплет за контрола на здружен оган и комплет за наведување здружени огнови и договор за изградба на податочен центар на резервна локација и обезбедување непрекинато функционирање на ГКИС на МО и Армијата, ги образложи министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој истакна дека опремата што ќе ја добие нашата армија е грант обезбеден од владата на САД.

-Тоа се обврски што произлегуваат од пакетот на цели на способност од 2021 година за кои е определено дека армиските расподеливи единици, кои се декларирани за НАТО, мора да располагаат со безбедни тактички радиокомуникации, кои се интероперативни за НАТО-структурата и за командување и за контрола. Се предвидува набавка на 31 радиоуред и 6 парчиња за полнење со крипто-клучеви за опремување на лесната пешадиска баталјонска група со комуникациска опрема – рече министерот Мисајловски.

Вкупната вредност на опремата што ќе ја добие Армијата на нашата земја изнесува над 10,4 милиони американски долари.

Со денешната седница раководеше претседателот Павле Арсовски, а сите информации беа едногласно усвоени од членовите на Комисијата за одбрана и безбедност.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1