Скопје
Град Скопје: Калето е целосно уредено
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на своите официјални профили на социјалните мрежи објави видео за да прикаже дека Скопското Кале е целосно уредено и исчистено и, како што се наведува, локалитетот сега е достоен за граѓаните и посетителите на главниот град.
Ѓорѓиевски во објавата нагласува дека грижата за јавните простори и културното наследство останува еден од приоритетите на градската администрација.
Градоначалникот истакна дека Скопското Кале, како еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, заслужува континуирано одржување, уредување и заштита. Целта, како што посочи, е зачувување на неговата историска вредност и обезбедување безбедна и пријатна средина за сите посетители.
Од Град Скопје соопштуваат дека ќе продолжат со активности за унапредување, редовно одржување и промоција на културно‑историските знаменитости во главниот град, со фокус на подобрување на јавниот простор и условите за граѓаните.
јануари 29, 2026

