Connect with us

Скопје

Стратешко партнерство со УНОПС за чист воздух и енергетски ефикасни јавни објекти во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров и Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS) потпишаа Меморандум за соработка во рамки на ЕУ-проектот „ЕУ за чист воздух“, со цел подобрување на квалитетот на воздухот и зголемување на енергетската ефикасност во јавните објекти.

Меморандумот го потпишаа градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, и Марко Вујачиќ, раководител на програмата на UNOPS за Југоисточна Европа.

Проектот опфаќа пет основни училишта и три детски градинки, во кои ќе се изврши замена на постојните системи за греење со современи топлински пумпи – енергетски ефикасни и еколошки прифатливи решенија.

Со оваа иницијатива, Општина Ѓорче Петров се вбројува меѓу првите општини во државата кои системски имплементираат вакви решенија во сите основни училишта, воспоставувајќи нов стандард за одржливо управување со јавните објекти.

Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека проектот претставува директна инвестиција во здравјето и иднината на најмладите.

„Со воведувањето енергетски ефикасни системи за греење во сите основни училишта и дел од градинките, правиме суштински чекор кон почиста животна средина и поздрави услови за нашите деца. Ова е пример како локалната самоуправа, со поддршка од Европската Унија и во партнерство со UNOPS, може конкретно да придонесе кон подобар квалитет на живот,“ изјави Стојкоски.

Со реализацијата на проектот се очекува намалување на загадувањето, пониски енергетски трошоци и значително подобрување на условите за престој и работа во образовните установи.

Од Општина Ѓорче Петров информираат дека соработката со UNOPS и поддршката од Европската Унија претставуваат важен дел од стратешките заложби за одржлив развој и заштита на животната средина.

Маркетинг
Ad 4
Ad 1