Скопје
Се збогатува културната понуда во Кисела Вода: Потпишан меморандум со Националниот џез оркестар
Општина Кисела Вода и Националниот оркестар за џез музика потпишаа Меморандум за соработка, со кој се прошируваат културните активности на територијата на општината.
Меморандумот го потпишаа градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Националниот џез оркестар, Гоце Стевковски.
Со договорената соработка се предвидува реализација на концерти, музичко-сценски настапи, работилници и едукативни програми, со цел збогатување на културната понуда за граѓаните.
Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска истакна дека целта е културата и уметноста да бидат поблиску до секој жител на Кисела Вода, нагласувајќи дека соработката ќе овозможи повеќе квалитетни и современи културни содржини, со посебен фокус на младите музичари и љубителите на џез музиката.
јануари 28, 2026

