Connect with us

Свет

Луиџи Манџоне пред суд за убиството на директорот на „Јунајтед Хелткеар“

Луиџи Манџоне, обвинет за убиството на главниот извршен директор на здравствената компанија „Јунајтед Хелткеар“, Брајан Томпсон, денеска ќе се појави пред федералниот суд во Менхетен.

Судијката Маргарет Гарнет треба да одлучи дали клучните докази во случајот ќе бидат прифатени во понатамошната постапка.

Манџоне (27) се соочува со обвиненија за убиство, демнење и незаконско поседување оружје. Тој се изјасни за невин, но случајот привлече огромно внимание во САД – додека јавноста го осудува чинот, дел од граѓаните го доживуваат како „народен херој“ поради големиот револт кон високите трошоци во американското здравство.

Одбраната на Манџоне бара отфрлање на обвинителниот акт или забрана за барање смртна казна, тврдејќи дека се прекршени неговите уставни права.

Судот денеска ќе ги сослуша и полициските сведоштва околу процедурите за претрес и одземање на предметите при неговото апсење во градот Алтуна. 

Маркетинг
Ad 3
Ad 1