Connect with us

Свет

Северна Кореја поставила од 2024 година 960.000 мини по должината на границата, тврди Сеул

Северна Кореја поставила околу 960.000 противпешадиски мини по должината на границата со Јужна Кореја од 2024 година, според проценките на јужнокорејската војска цитирани од неколку пратеници, јави ДПА.

Воени експерти проценуваат дека повеќе од два милиона мини се поставени во Демилитаризираната зона (ДМЗ), вклучувајќи ги и оние поставени од јужнокорејските сили. Според информациите, околу половина од нив се додадени во последните две години. ДМЗ е тампон зона широка приближно 4 километри што ги одделува двете Кореи од крајот на Корејската војна 1950-53 година.

Северна Кореја значително ја зајакна својата граница со Јужна Кореја од почетокот на 2024 година. Лидерот Ким Џонг-ун нареди уништување на сите патни и железнички врски меѓу двете земји, а Пјонгјанг исто така поставува мини, гради бариери и дополнителни огради од бодликава жица.

Ad
Ad