Connect with us

Свет

ЕП ја отфрли иницијативата на Патриотите за Европа за недоверба на Европската комисија

Европскиот парламент, денеска, со 165 гласа „за“, 390 „против“ и 10 „воздржани“ ја отфрли иницијативата на групата Патриоти за Европа (ПФЕ) за изгласување недоверба на Европската комисија на Урсула фон дер Лајен.

За да биде прифатена, „за“ иницијативата требаше да гласаат најмалку две третини од пратениците што учествуваа во гласањето, при што бројот на оние што ја поддржаа да биде поголем од половина од вкупниот број европратеници.

Директен повод за поднесување на иницијативата беше потпишувањето на договорот за партнерство меѓу ЕУ и Меркосур и на билатералниот привремен трговски договор минатата сабота во Парагвај.

На денешното гласање, како и на дебатата по иницијативата во понеделникот вечерта, не присуствуваа Фон дер Лајен и другите членови на Еврокомисијата.

Инаку, ова е четврта отфрлена иницијатива за недоверба на Комисијата на Фон дер Лајен од јули минатата година.

Во рамките на денешниот термин за гласање, европратениците со 471 глас „за“, 68 „против“ и 71 „воздржан“ го поддржаа извештајот за зајакнување на европскиот технолошки суверенитет и дигитална инфраструктура, а со 562 гласа „за“, девет „против“ и седум „воздржани“ и резолуцијата за брутална репресија врз демонстрантите во Иран.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2