Connect with us

Вести

АВМУ: Јавното дискредитирање или етикетирање новинари и медиуми создава атмосфера на притисок и може да влијае врз безбедноста на новинарите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги преку соопштение денеска изразува загриженост за континуираните етикетирања и јавни напади од страна на политичката партија СДСМ насочени кон одделни новинари и медиуми.

Агенцијата потсетува дека слободата на изразување, медиумскиот плурализам и уредувачката независност се темелни демократски вредности.

– Јавната комуникација, особено кога доаѓа од политички субјекти, мора да биде одговорна и да ги почитува улогата и автономијата на медиумите. Јавното дискредитирање или етикетирање новинари и медиуми создава атмосфера на притисок, го поткопува јавниот дијалог и може директно да влијае врз безбедноста и професионалниот интегритет на новинарите. Медиумите не смее да бидат третирани како политички противници, ниту да бидат вовлекувани во партиски или политички конфронтации. Напротив, тие треба да имаат можност непречено, слободно и без притисоци да ја извршуваат својата професионална улога во интерес на јавноста и демократските процеси – се вели во реакцијата на АВМУ.

Агенцијата ги повикува сите политички субјекти да се воздржат од реторика што придонесува за поларизација, притисок или дискредитација на медиумите и новинарите и да ја почитуваат нивната уставна и професионална улога во демократското општество.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4