Connect with us

Вести

Министерство за транспорт: Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај

Ве информираме дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на  ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот.  Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. 
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема,  почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.  
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат  и во текот на наредниот перидод,  со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 2