Connect with us

Вести

Агелер на проштална средба со Мицкоски: Силното партнерство меѓу САД и Македонија ги унапредува заедничките интереси

Силното партнерство меѓу САД и Македонија ги унапредува заедничките интереси, објавија поладнево од американската амбасада после прошталната средба на амбасадорката Ангела Агелер со премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.

-За време на прошталната средба со премиерот Мицкоски, амбасадорката Агелер се осврна на продлабочувањето на односите меѓу САД и Македонија преку проширената соработка во областа на безбедноста и трговијата.

Таа изрази благодарност за силното партнерство кое придонесе за унапредување на интересите на двете држави, стои во објавата на амбасадата на САД во земјава.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2