Connect with us

Вести

Сиљановска Давкова: Европските интеграции ни се високо на агендата

Европските интеграции нас ни се високо на агендата. Ништо лошо ние немаме со соседите. Нам ни се потребни реформите не за да седиме во Брисел и за да одлучуваме за други, туку за да живееме европски, истакна вечерва претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Не мора, посочи таа, да значи дека вие европски се интегрирате само ако почнете преговори, потоа излезе некој нов проблем, па вие пак треба нешто да направите, па за да направите еден чекор напред, некогаш два чекори назад, најчесто лет во место, ама чувството ви е дека сте опкружени со Европа.

– Да, ние под итно, така како што треба реформски треба да влеземе во процесите на Копенхаген. Поинаков ќе биде односот. Ние имаме секогаш добра волја. Гледате дури и после оние чудни интерпретации на настанот со прозорецот човек доби впечаток дека се рабори за филм на Спилберг, така беше тоа опишано и веднаш излегоа и текстови кои не смеат таков говор да употребуваат каде се генерализира нацијата и односот, но ете излезе и наш граѓанин со бугарско самочувство и мислам дека тоа беше многу фер и многу одговорно и објасни дека не се работи за тоа за што некој мисли дека се случило, рече Сиљановска Давкова.

Значи, потенцира, ништо лошо ние немаме со соседите.

Таа рече дека како што градиме патишта, пруги, посакува да градиме и пријателство, меѓутоа мора еднаш да видиме до каде води уставната измена.

– Најпрво да потсетам ниту една уставна измена што била имплицирана од надвор не довела до обединување напротив ја продлабочила разединетоста внатре. Затоа не се оди надвор пред да се седне внатре особено кога се има шанса тоа да се направи во Собранието. Се разбира дека сум оптимист. Нам ни се потребни реформите не за да седиме во Брисел и за да одлучуваме за други, туку за да живееме европски. Меѓутоа последната реченица, ова што се случува во светот денеска не потсетува на реформи насочени кон прогрес, туку навистина бара разумно посветено, добронамерно решавање кое за жал е оневозможено или неможно заради слабоста и маргинализацијата на Обединетите нации. Еве пак јас звучам како некој од мала држава. Секогаш ние се повикуваме на право, на принципи, на институции бидејќи тогаш како дел од мултилатеризмот сме најзаштитени, рече претседателката.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1