Connect with us

Вести

Во Собранието почна јавната расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, пријавени околу 13 лица

Во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците почна јавната расправа по предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратениците Бојан Стојаноски, Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Бране Петрушевски, Драгана Бојковска, Дафина Стојаноска, Игор Здравковски, Лидија Петкоска и Мартин Стојановски.

На јавната расправа за збор се пријавени 13-ина лица од разни области од правосудството – адвокати, професори, истакнати правници, претставници од невладиниот сектор.

Претседателот на Комисијата за политички систем, Љупчо Пренџов, ги спомна некои од новините што се предвидуваат да се воведат со измените.

Потенцира дека она што го предлагаат сега со измените на Кривичниот законик е многу построго од она што било до 2023 година. Нагласи дека измените се усогласени со европските директиви.

– Ова е важна јавна расправа бидејќи имаме важен закон, кој повеќе од 40 дена е во Собранието. Овој закон се носи по неколку основи, а тоа е, пред сè, Собранието го носи во меѓупериодот што го чекаме меѓу донесувањето на Кривичниот закон, кој се работи во Министерството за правда заедно со Европската Унија, Венециската комисија, и она што од нас како Собрание, како пратеници, го побара Уставниот суд. Важно е да се каже дека има неколку измени во законското решение – гонењето по службена должност на жртвите на семејно насилство, Законот за прекршоците, каде што во рамките на кривичните дела се вметнува и „Безбеден град“, со цел да имаме побезбеден сообраќај во Скопје и секое девијантно однесување и неприспособени брзини и дејства во рамките на сообраќајот да бидат најстрото санкционирани, што исто така сметавме дека е многу важна основа во законското решение. И враќање на оние одредби кои за неколку часа во 2023 година беа избришани, а се однесуваа на злоупотребите на службената должност на функционерите. Оние казни кои ги предвидуваме се поголеми од оние кои беа, рече Пренџов.

Дебатата почна со излгање на професорката од Правниот факултет при УКИМ, Ана Чупеска. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3