Connect with us

Вести

Мицкоски: Опозицијата, по жестоките и рафални критики кон нашиот стратешки партнер – Обединетото Кралство, сега ова го прави и кон САД

Јас жалам што опозицијата, по жестоките и рафални критики кон нашиот стратешки партнер – Обединетото Кралство, сега ова го прави и кон САД, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за одлуката на Вашингтон да го запре издавањето иселенички визи за 75 земји, меѓу кои и нашата.

Претседателот на македонската Влада потсети дека Министерството за надворешни работи и трговија даде свој коментар и дека одлуката на САД е поврзана со емигрантските визи.

– Станува збор за емигрантските визи, а не за визи што се за потребите за студирање или туристички посети. Јас мислам дека во деновите што следуваат ќе има добри, пријатни вести за македонските граѓани, а се однесуваат на нашиот стратешки партнер. Но јас жалам што опозицијата, по жестоките и рафални критики кон нашиот стратешки партнер – Обединетото Кралство, сега ова го прави и кон САД. Ќе ве потсетам, не толку одамна, кога беа наметнати трговските тарифи од 35 проценти, истите тие опозициски перјаници, кои јас ги нареков талог на општеството во политиката, поитаа да го навредуваат нашиот стратешки партнер САД, а никаде ги немаше да се извинат кога се нивелира таа ставка на 15 проценти. Во оваа смисла јас би бил внимателен и трпелив и набргу очекувам многу добри вести за македонските граѓани – изјави премиерот Мицкоски.

За време на денешниот престој во Кратово, премиерот потврди дека Владата ја определила квотата за издавањевизи за работа на странски државјани во земјата.

– Издадени се визи во сите сектори во кои и досега имаше потреба. Нема некои дополнителни отстапувања. Тоа се секторите што се мапирани од страна на стопанските комори и работодавачите – изјави премиерот Мицкоски.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3