Connect with us

Вести

Инвестирани над 65 милиони евра во образованието во последната година и пол, вели Мицкоски

Во последните една и пол година Владата инвестирала повеќе од 65 милиони евра, информира премиерот Христијан Мицкоски и додава дека ќе продолжат со инвестиции во образованието, кое, како што нагласува, е еден од нивните главни приоритети.

– Последното што го разгледувавме беше податокот дека за година и половина повеќе од 65 милиони евра се инвестирани во образованието. Од нив, околу 56 – 57 милиони евра се дел од програмата АА. Така што, образованието е еден од наште главни приоритети како Влада и продолжуваме и натаму да инвестираме бидејќи без квалитетно образование нема иднина, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на целосно реконструираната спортска сала во Кратово. 

И овој објект, додаде, е дел од тие инвестиции во инфраструктурата.

-Овој објект е дел од тие инвестиции. Има повеќе од 160 – 170 проекти ширум државата предвидени за инвестирање во делот на образованието, во училишта, студентски домови…, нешто што е императив за оваа Влада, рече македонскиот премиер.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 5