Connect with us

Свет

Нов Зеланд ја затвори Амбасадата во Иран

Нов Зеланд денеска дека привремено ја затвора Амбасадата во Техеран и го евакуира персоналот поради влошената безбедносна ситуација во Иран.

Дипломатскиот персонал заминал од Иран во текот на ноќта, а дејноста на Амбасада во Техеран е префрлена во главниот град на Турција, Анкара.

– Продолжуваме да не препорачуваме патувања во Иран. Државјаните на Нов Зеланд, кои се наоѓаат во земјата веднаш да заминат, истакна портпаролот на новозеландското Министерство за надворешни работи.

Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс вчера изјави дека Велингтон е „потресен“ од жестоката реакција на Техеран врз антивладините демонстранти.

– Ги осудуваме бруталните репресии на иранските сили за безбедност, вклучително и убиствата на демонстрантите, истакна Питерс.

Изминатите денови повеќе држави го повлекоа дипломатскиот персонал од Техеран, ги затворија амбасадите и им препорачаа на граѓаните да не патуваат во Иран.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 5